Линкови за пристапност

Њу Орлеанс сентс победија на „супербол“


Њу Орлеанс сентс победија на „супербол“
Њу Орлеанс сентс победија на „супербол“

Њу Орлеанс неделата навечер славеше во добро познат фестивалски стил, но овојпат поради првата титула воопшто во финалето на американскиот фудбал – „супербол“.

Сентс ги изненадија фаворизираните Индијанаполис со
31-17 на преполниот стадион во Мајами, Флорида. Проценети 100 милиони гледачи во САД и уште милиони ширум светот го следеа натпреварот преку ТВ.

„Светците“ од Њу Орлеанс уште на почетокот на натпреварот западнаа во дефицит од 10 поени, но на крајот славеа. Победата дефинитивно добро дојде за духот на Њу Орлеанс, градот речиси целосно разурнат од ураганот Катрина, а посекако и поради фактот дека во поголемиот период од 43-годишната историја, екипата беше разочарување во Лигата.

Главна ѕвезда на полувремето беа старите но добри рокери од музичката група Ху.

XS
SM
MD
LG