Линкови за пристапност

Лансиран Ендевор


Лансиран Ендевор
Лансиран Ендевор

Американското вселенско летало Ендевор е на пат за Меѓународната вселенска станица.

НАСА го лансираше шатлот рано утрото понеделникот од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, откако првично закажаното лансирање во неделата беше откажано поради лоши временски услови.

Шестчлениот екипаж на Ендевор има задача да достави делови за Меѓународната вселенска заедница за последната поглавна операција за изградба станицата, што речиси е завршена.

Ендевор носи модул за поврзување и роботска контролна станица со шест прозорци на страните и еден во центарот, што ќе овозможи поглед од 360 степени околу Меѓународната вселенска станица.

По оваа 13-дневна мисијата, НАСА планира само уште четири шатл-летови, пред да ја пензионира шатл-флотата на крајот од оваа година.

XS
SM
MD
LG