Линкови за пристапност

Петмина загинати во експлозија во електрана во САД


Петмина загинати во експлозија во електрана во САД
Петмина загинати во експлозија во електрана во САД

Федералните власти започнаа истрага за причината на експлозијата со природен гас во која неделата загинаа пет лица, а 12 беа повредени во електрична централа во Мидлтаун, сојузната држава Конектикат.

Американско тело за хемиска безбедност мобилизираше тим што ќе ја истражува несреќата.

Несреќата се случила во време кога работници вршеле тестирање на гасната инсталација во електраната.

Жителите на Мидлтаун велат дека експлозијата предизвикала потрес налик на земјотрес што можел да се почувствува во радиус од два километри.

Електричната централа со јачина од 620 мегавати била во финалната фаза од изградбата.

XS
SM
MD
LG