Линкови за пристапност

Епидемија на детска дебелинa во САД и светот


Епидемија на детска дебелинa во САД и светот
Епидемија на детска дебелинa во САД и светот

САД подготвуваат национална иницијатива против детската дебелина. Со неа раководи првата американска дама.

„Дебелината во земјата е на ниво на јавна здравствена криза“, вели Мишел Обама .

Едно на секои три деца во САД е дебело или прекумерно дебело, според извештајот на канцеларијата на Главниот американски лекар. Прекумерната дебелина носи сериозен ризик. Мишел Обама педочува дека таа „се заканува на нашите деца, семејства, и на иднината на нацијата воопшто“.

Од 1980-та, бројот на дебели деца во САД двојно нараснал, а на тинејџери – тројно.

„Тие се во ризик од дијабетис, нетолератност на глукоза, висок шеќер во крвта и дијабетис тип - 2. Потоа, висок крвен притисок, а и артритис“, наведува д-р Бенџамин Кабаљеро од Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во светски рамки, 22 милиони деца се со прекумерна тежина, а главни виновници се слабата, односно нездрава исхрана. Правилната исхрана и физичката активност можеби самите не се доволни за решавање на проблемот.

“Иако мислиме дека дебелината е работа на тоа што треба, а што не треба да се јаде, социјалниот контекст во кој се развиваа таа е мошне важен“ коментира Кабаљеро.

Според СЗО, модернизацијата и глобализацијата се два придонесувачки фактори за епидемијата на дебелината во светот. Во многу земји е зголемена употребата на нездрава храна, со високи нивоа на шеќер и маснотии, а воедно нема информации за здрава исхрана.

XS
SM
MD
LG