Линкови за пристапност

Остин зелена оаза во нафтениот Тексас


Остин зелена оаза во нафтениот Тексас
Остин зелена оаза во нафтениот Тексас

Во Остин екологијата се зема сериозно, но ова истовремено е еден од најбрзо растечките градови во САД, за што му треба многу енергија.
Роџер Данкан од компанијата Остин енерџи вели дека во 2020-та, 30 проценти од електричната енергија ќе отпаѓа на обновливи извори.

Се става акцент и на еколошки градби.

„Целта е до 2015-та сите семејни домови во Остин да користат исто толку енергија од обновливите извори колку што самите ќе произведат, на пример со соларни плочи или турбини на ветер“, вели Данкан.

И деловните згради, условно речено, „позеленуваат“.

Детскиот медицински центар Дел доби награда на Градскиот совет за еколошки градби поради технологијата со која компјутери одржуваат економични и еколошки услови на живеење, контролирајќи ја температурата, влажноста на воздухот и загадувањето.

„Идентификуваме десетина новини што ги употребивме при градењето, така што тоа ќе заштеди 10 илади долари годишно во трошоците за енергија“, наведува архитектот Алан Бел. Бел додава дека енергетската ефикасност станува начин на кој се прават нештата. Тоа не е нешто ново, туку нешто што - треба да го чиниме.

XS
SM
MD
LG