Линкови за пристапност

Најмалку 12 загинати во експлозија што го потресе Карачи


Најмалку 12 загинати во експлозија што го потресе Карачи
Најмалку 12 загинати во експлозија што го потресе Карачи

Експлозија распорила автобус во јужниот пристанишен град Карачи петокот, при што загинале најмалку 12 лица, а 40-тина се повредени, соопшти пакистанската полиција. Експлозивот бил натоварен на мотоцикл.

Подоцна истиот ден, се случила голема експлозија во болница каде им била укажана помош на некои од повредените. Пакистанските медиуми наведуваат дека загинале најмалку две лица.

Изминатите неколку недели Карачи е изложен на наплив на етничко насилство што однесе најмалку 26 човечки животи. Судирот навидум е меѓу политичките партии – ривали, Движењето Мутахида кауми и Националната партија Авами, кои по традиција добиваат поддршка од различни етнички групи.

XS
SM
MD
LG