Линкови за пристапност

Првиот човек на Тојота се извини за фабричката грешка


Првиот човек на Тојота се извини за фабричката грешка
Првиот човек на Тојота се извини за фабричката грешка

Претседателот на јапонскиот производител на автомобили Тојота се извини за глобалното повлекување на милиони автомобили на компанијата поради фабричка грешка и од безбедносни причини.

Акио Тојода петокот во Најгоја, Јапонија, одржа прва прес-конференција откако беше објавено повлекувањето.

Тојота во моментов повлекува осум милион возила ширум светот поради дефектна педала за гас што може да доведе до несакано забрзување во некои популарни модели, како Камри и Корола.

Компанијата ќе повлече и 270,000 хибридни возила Приус што се на двоен, електричен и бензински погон, поради пропуст во системот против блокирање на кочниците.

Тојода, кој е внук на основачот на компанијата, вети дека таа ќе се справи со прашањата за безбедноста на возилата со тоа што ќе создаде специјален нов комитет кој ќе биде задолжен за контрола на квалитетот.

XS
SM
MD
LG