Линкови за пристапност

Аватар го „потона“ Титаник


Аватар го „потона“ Титаник. За режисерот Џејмс Камерун тоа беше како дуел на две чеда, бидејќи тој ги режираше обата, но според најновите податоци, Аватар и официјално стана филм со најголема заработувачка во кино-салите на сите времиња со 601,1 милиони долари. Титаник имаше инкасирано 600,8 милиони долари.

Според веб-страницата www.boxofficemojo.com, Аватар заработил 2, 7 милиони долари во вторникот, со шго го минал прагот од 600 милиони долари само за 47 дена. На Титаник му биле потребни 252 дена да го постигне тоа.

Меѓутоа, кога на денешната заработувачка ќе се пресмета и инфлацијата, тогаш на листата „вечни“ Аватар се наоѓа на 21-во место, далеку зад класичните остварувања како Снежана и Седумте џуџиња на 10-тото. Дури и Титаник е подобар во ваквата варијанта - на 6-то место. Филм број еден на сите времиња според таа математика е Однесено со виорот - со 1,5 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG