Линкови за пристапност

Тетката на Обама на имиграционен распит во САД


Тетката на Обама на имиграционен распит во САД
Тетката на Обама на имиграционен распит во САД

Тетката на Обама од Кенија четвртокот се појави на распит пред имиграционен суд во Бостон, сојузната држава Масачусетс, повторно барајќи азил во САД.

Зејтуни Онјанго дошла во САД во 2000-та. Судија во 2004-та го отфрлил нејзиното барање за политички азил и наредил да биде депортирана, но таа останала во земјата.

Адвокатот на Онјанго најави дека таа ќе побара судот да ја спречи депортацијата, главно од медицински причини. На сведочењето ќе бидат повикани двајца лекари.

Имиграционот статус на Онјанго доби публицитет на само неколку дена пред претседателските избори во 2008-ма, што пак покрена шпекулации дека нејзиниот случај намерно се користи за да се стави тогашниот кандидат Обама во незгодна позиција. Обама изјави дека не знаел дека тетка му живеела во земјата илегално и подвлече дека во случајот треба доследно да се спроведуваат законите.

XS
SM
MD
LG