Линкови за пристапност

Иранските сојузници Кина и Русија се разидуваат околу нови санкции


Иранските сојузници Кина и Русија се разидуваат околу нови санкции
Иранските сојузници Кина и Русија се разидуваат околу нови санкции

Иранските клучни сојузници Кина и Русија испраќаат различни пораки за тоа дали да се преземат построги санкции против Иран поради нуклеарната програма.

Кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џиечи четвртокот предупреди дека дискусијата за воведување на санкции ја комплицира ситуацијата и ги отежнува напорите за дипломатско решение.

Еден од водечките руски законодавци Константин Косачјов, пак, индицираше дека Русија е повеќе приклонета кон западните земји кои бараат дополнителни санкции. Тој за државните медиуми изјави дека иранското неодамнешно лансирање на сателит предизвикало загриженост дека исламската република евентуално би можела да лансира нуклеарно оружје од долг дострел.

Кина и Русија, обете постојани членки на Советот за безбедност на ОН, во минатото беа против тоа Иран да се казни за нуклеарните активности.

Западните земји вршат притисок за четврта серија санкции на ОН против Иран, во обид земјата да се принуди да преговара за своите нуклеарни амбции.

XS
SM
MD
LG