Линкови за пристапност

Анвар ал-Авлаки: обвинетиот за терористички напад во американски авион беше мој ученик


Анвар ал-Авлаки: обвинетиот за терористички напад во американски авион беше мој ученик
Анвар ал-Авлаки: обвинетиот за терористички напад во американски авион беше мој ученик

Радикалниот американско-јеменски свештеник Анвар ал-Авлаки вели дека Нигериецот Умар Фарук Абдулмуталаб, обвинет дека на 25 декември се обидел да активира експлозив на лет за Детроит, бил негов ученик.
Во интервју за телевизијата Ал-Џезира, Ал-Авлаки сепак додаде дека тој не му рекол да го изведе нападот.

Американските власти сметаат дека ал-Авлаки соработува со филијалата на Ал-Каида во Јемен. Таа група презеде одговорност за неуспешниот напад.

Ал-Авлаки кажа дека го поддржува чинот на Абдулмуталаб, повикувајќи се на гинењето на муслимани во Палестина, Ирак и Авганистан.

Јеменскиот свештеник стана познат кога се појави веста дека интензивно комуницирал преку електронска пошта со мајорот Нидал Хасан, американскиот армиски психијатар обвинет за убиство на 13 лица во воената база во Форт Худ, сојузната држава Тексас.

XS
SM
MD
LG