Американскиот претседател Барак Обама побара враќање на цивилниот тон во американската политика во говорот на традиционалниот Национален молитвен појадок во Вашингтон. Тој подвлече дека е важно да се биде отворен за компромис и поинакви гледишта, како и дека е време да се научи „како да не се согласуваме, без да бидеме воинствени“. На годишниот настан во присуствуваат политички, верски и деловни лидери од САД, како и дипломати и некои лидери од странство.
Вербата и молитвите може да играат важна улога во надминувањето на разликите што причинија републиканците и демократите да престанат да слушаат што говори другиот, рече Обама.
Претходно, државната секретарка Хилари Клинтон говореше за улогата на вербата кај Хаиќаните во ублажување на страдањата од разурнувачкиот земјотрес.
Луѓе од различни верски убедувања одговорија на повикот за помош на Хаиќаните, кажа Клинтон.
Првата дама Мишел Обама, потпретседателот Џо Бајден и премиерот на Шпанија Луис Родригез Запатеро се меѓу учесниците на Молитвениот појадокот.
И македонска делегација, во која се наоѓаат и вицепремиерот Васко Наумовски, неколку парламентарци и сопругата на поранешниот претседател Трајковски, Вилма, присуствуваше на настанот.