Линкови за пристапност

Тојота очекува профит и покрај проблемот со фабричка грешка


Тојота очекува профит и покрај проблемот со фабричка грешка
Тојота очекува профит и покрај проблемот со фабричка грешка

Јапонскиот прозводител на автомобили Тојота очекува профит од 882 милиони долари за фискалната година што завршува во март, и покрај глобалното повлекување на автомобили поради фабричка грешка што ќе ја чини компанијата 2 милијарди долари.

Компанијата која продава најмногу автомобили во светот за четвртиот квартал на годината пријави нето-профит од 1,7 милијарди за периодот октомври-декември, благодарение на владината помош за подобрување на продажбата.

Тојота сепак ќе претрпи штета од 2 милијарди долари поради глобалното повлекување на преку 7 милиони возила, што се должи на фабричка грешка на педалата за гас. Голем дел од повлечените возила, меѓу кои и 2 милиони од Северна Америка, поради дефектот може одненадеж да ја зголемат брзината.

XS
SM
MD
LG