Линкови за пристапност

Пакистан уапси 35-рица за нападот врз американски војници


Пакистан уапси 35-рица за нападот врз американски војници
Пакистан уапси 35-рица за нападот врз американски војници

Пакистанските власти уапсиле 35-рица осомничени за бомбашкиот напад во кој загинаа тројца американски војници во северозападен Пакистан. Полицијата соопшти дека ги испрашува осомничените за да дознае кој го организирал нападот.

Во нападот од средата загинаа и четворица Пакистанци кога напаѓач-самоубиец активирал автомобил-бомба. Три од тие жртви се девојчиња, а четвртата – пакистански војник. Во експлизијата беа повредени најмалку 60 лица. Загинатите американски војници патувале на церемонија на отворање на женско училиште обновено со американска помош.

Талебан во Пакистан презеде одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG