Линкови за пристапност

Кина: евентуалните санкции против Иран ја отежнуваат дипломатијата


Кина: евентуалните санкции против Иран ја отежнуваат дипломатијата
Кина: евентуалните санкции против Иран ја отежнуваат дипломатијата

Кина смета дека дискусијата за воведување на санкции против Иран поради нуклеарната програма ја комплицира ситуацијата и ја отежнува дипломатијата. Министерот за надворешни работи Јанг Џиечи за време на посетата на Франција кажа дека заканите кон Иран за санкции ги попречуваат напорите за наоѓање на дипломатско решение.

Западните сили вршат притисок за четврта серија санкции на ОН против Иран, во обид земјата да се принуди да преговара за своите нуклеарни амбции.

Светските сили реагираа со резерви на понудата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад да започне да испраќа ураниум во странство за негово натамошно процесирање, како што повикуваше планот подготвен со посредство на ОН.

Американски претставници наведуваат дека не е јасно дали изјавата на Ахмадинеџад одразува промена во иранскиот став за планот што го понуди меѓународната заедница, или пак обид да се олесни притисокот за нови санкции.

XS
SM
MD
LG