Линкови за пристапност

Кина ја отфрли изјавата на САД за поцврст став кон билатералните трговски прашања


Кина ја отфрли изјавата на САД за поцврст став кон билатералните трговски прашања
Кина ја отфрли изјавата на САД за поцврст став кон билатералните трговски прашања

Кина ја отфрли најавата на американскиот претседател Барак Обама дека ќе заземе поцврст став кон оваа азиска економска сила за трговските и монетарни проблеми.

Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи четвртокот изјави дека „обвинувањата и притисокот“ нема да ги разрешат прашањата што доведоа со кинескиот масовен трговски вишок со САД.

Овама средата најави дека владата планира да врши „постојан притисок“ врз Кина, но и други земји, со цел Пекинг да ги отвори пазарите на реципрочен начин.

Американски производители со години се жалат на кинеската строга манипулација на својата валута и тврдат дека тоа овозможува неправедна предност во цените за кинеските производители кога ги продаваат своите добра во странство.

Американско-кинеските односи неодамна се затегнаа поради американската продажба на оружје на Тајван и планираната средба на Обама со духовниот водач на Тибет, Далај Лама.

XS
SM
MD
LG