Директорот за национално разузнавање Денис Блер во
писмена изјава на конгресно сведочење наведува дека и натаму останува
терористичката закана за САД, и покрај важниот напредок остварен во текот на
изминатите неколку години. Блер вели дека
Ал-Каида и натаму има намера да ја нападне земјата, како и дека претпочита
операција од голем обем што би предизвикала масовни жртви или би и` наштетила
на американската економија, или пак обете.
Во сведочењето пред Комисијата за разузнавање на
Претставничкиот дом, Блер рече и дека зајакнатите контратерористички мерки
попречиле или одвратиле одредени терористички заговори, но разузнавањето за
клучни детали напади е фрагментирано или нејасно, поради тоа што терористите ги
ограничиле на најмал можен број луѓе податоците за операците.
Блер вчера на сведочење пред Сенатската комисија за разузнавање кажа дека е извесно дека Ал-Каида ќе се обиде да ги нападне САД во наредните три до шест месеци.