Линкови за пристапност

САД демантираат дека разговарале за размена на затвореници со Иран


САД демантираат дека разговарале за размена на затвореници со Иран

САД порекнаа дека разговарале со Иран за размена на затвореници, реагирајќи на тврдењето на претседателот Махмуд Ахамиденџад и најавата дека неговата влада би ослободила тројца американски државјани во замена за Иранци во американски затвори. Портпаролот на Белата куќа Мајк Хамер го нарече тврдењето некомплетно, но кажа дека ако Иран е подоготвен да го реши случајот со американските затвореници, САД би го поздравиле тој чекор.

Ахмединеџад не подвлече конкретно дали во разговорите би биле вклучени американски официјални лица, ниту пак, обелодени кои Иранци сака Техеран, САД да ги ослободат.

Иран претходно објави дека наводно 11 нивни државјани се држат во САД, вклучувајќи го и научникот за нуклеарна физика кој исчезна во Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG