Линкови за пристапност

Напад во Пакистан – осуммина загинати


Напад во Пакистан – осуммина загинати
Напад во Пакистан – осуммина загинати

Осуммина, од кои тројца американски војници загинале во експлозија на патна мина во северозападен Пакистан, додека патувале на церемонија на отворање на женско училиште реновирано со американска помош. Во нападот биле повредени над 60 лица, соопштија пакистанските власти.

Портпаролот на Талебан во Пакистан ја презеде одговорноста за нападот.

Бомбашкиот напад се случил во време кога конвојот минувал покрај училиште во близина на долината Сват, регион за кој пакистанската армија вели дека во најголем дел е искоренет од милитанти со офанзивата пред една година.

Во соопштението од американската амбасада во Исламабад се вели дека американскиот воен персонал бил дел од актуелната програма за обука со пакистански војници во североисточниот дел на земјата. Понатаму се вели дека војниците патувале за областа Долен Вир да присуствуваат на инаугуративната церемонија за отварањето на женското училиште.

XS
SM
MD
LG