Линкови за пристапност

Со цуцла - на компјутер!


Со цуцла - на компјутер!
Со цуцла - на компјутер!

Двегодишната Лилијана Робинсон ја игра омилената игра на компјутер, на Интернет-страницата kneebouncers.com, додека седи во мајчиниот скут. Toa e бесплатна страница за бебиња и проодени деца што ја развил таткото на Лилијана, Џим Робинсон, и неговиот бизнис-партнер, Курт Дамермут.

“Мои се сите цртежи, ликови и игри, а Курт ги оживува”, вели Робинсон.

„Интернетот е моја пасија. Природно се надополнуваме со Џим“, коментира Дамермут.

Двајцата татковци дошле на идеја да ја основаат пред седум години, кога ќерките биле бебиња.

„Мојата имаше шест, а на Курт девет месеци. Нашите постари деца одеа на страници како Дизни или Пи-Бе-Ес-точка-ком, но помалите ќе почнеа да плачат кога не можеа да ракуваат со компјутерското глувче“, раскажува Џим.

На Kneebouncers.com, секое копче на тастатурата предизвикува реакција на екранот, а има вкупно 18 игри. Веста за страницата преку пријатели толку се проширила, што досега има над милион посети од 180-тина земји. Робинсон и Дамермут во меѓувреме додале едукативни игри што ги воведуваат бебињата во светот на форми, букви, бои и бројки.

Авторите со гордост истакнуваат дека страницата е безбедна и дека не треба да преземате никаков софтвер или да се пријавите за да ја користите – само појдете на неа и започнете да притискате по тастатурата - како ќе посакате. А, бебињата најдобро знаат да го прават тоа, нели?

XS
SM
MD
LG