Линкови за пристапност

Интервју со Сигурјон Еинарсон, режисер на „Име си е име“


Интервју со Сигурјон Еинарсон, режисер на „Име си е име“
Интервју со Сигурјон Еинарсон, режисер на „Име си е име“
<!-- IMAGE -->

Исланѓанецот кариерата ја почнал пред 20-тина години. Правел кусометражни и документарни филмови, работел на реклами, телевизиски шоуа. Зошто ваков филм за Македонија, но и зошто токму сега?

„Сум работел на документарни филмови за помали спорни прашања и ситуации во светот, за кои чувствувам дека треба да добијат публицитет, за малцинства на кои им е потребен глас. Тоа го правев претходно во Источен Тимор. Во Македонија дојдов во 2007-ма, и знаев за прашањето за името, но не знаев дека е толку тешко. Започнав да истражувам и завршив со снимен филм“.

Исландскиот режисер смета дека прашањето можело да се реши многу порано:

„Засрамен сум како Европеец што не сме го решиле ова прашање многу одамна пред 2010-та. Мојот филм е мало парче обид луѓето во Европа и САД да сфатат дека ова прашање мора да се реши“.

За вклученоста на филмската уметност во решавање на политички прашања во денешницата, Еинарсон со став:

<!-- IMAGE -->

„Многу политички дилеми, многу од конфликтите со кои се соочуваме во светот, се направени од политичарите. Сметам дека ако ние уметниците повеќе се вклучиме во тие прашања, можеме да ги придвижиме работите - тоа е суштината на нивно решавање - да ги поместиме од колосекот во кој се наоѓаат“.

Конечно, која е пораката на режисерот со овој филм?

„Би сакал да испратам порака до Европејците дека сите ние сме Европејци. Македонците треба да си ја задржат искрената кауза. Европејците треба да се зафатат со прашањето и да разберат во 2010-та не треба да имаме ваков спор на нашата европска маса. Тоа е мојата порака“.

XS
SM
MD
LG