Американскиот претседател Барак Обама вторникот стави приоритет на економијата на средбата со граѓани во Њу Хемпшир, велејќи дека неговата влада е насочена на отворање на работни места и ставање на американскиот голем дефицит под контрола.
Најновиот предлог на Обама за намалување на невработеноста што сега изнесува 10 процени и поттикнување на економијата е на мали банки да им се доделат вкупно 30 милијарди долари што тие потоа би ги давале како кредити на малите бизниси.
Средствата се од парите што ги вратија големите финансиски компании на Вол Стит откако добија владина помош да преживеат.
Обама повика и на нови даночни кредити за малите бизниси што ќе вработат нови лица и ќе инвестираат во нова опрема и објекти.