Иран ги обвинува САД дека се обидуваат да создадат поделби меѓу Техеран и неговите арапски соседи со распоредувањето на системи за ракетна одбрана во земјите од Персискиот Залив.
Американски официјални претставници во неделата кажаа дека ги прошириле инсталациите за ракетна одбрана од типот Патриот во четири земји во Заливот за да ги заштитат од евентуален ирански напад со проектили.
Ирански официјални лица вторникот ги обвинија САД за „иранофобија“ Претседателот Махмуд Ахмадинеџад рече дека западните земји сакаат земјите во Заливот да бидат слаби и да немаат пријателски односи меѓу себе. Тој рече и дека егзистенцијата на Запад зависи од создавањето на поделби и нестабилност во регионот.
Според амеиркански официјални лица, Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати се согласиле да примат ракети Патриот.