Линкови за пристапност

Објавени номинациите за Оскарите


Објавени номинациите за Оскарите
Објавени номинациите за Оскарите

Научнофантастичниот „Аватар“ и драмата за ирачката војна „Невидени маки” („The Hurt Locker”) добија најмногу номинации за Оскар – по девет. Иронијата да биде поголема, нивните режисери Џејмс Камерун и Кетрин Бигелоу некогаш беа во брак.

Во конкуренција за најдобар филм се уште осум остварувања, меѓу кои и научнофантастичниот „Дистрикт 9“, сагата за Втората светска војна Проклетници („Inglourious Basterds“) и анимираната авантура „До небо“ („Up“). Категоријата за најдобар филм годинава беше проширена на 10 остварувања наместо вообичаените пет, со надеж дека тоа ќе биде привлечен поголем интерес на јавноста.

За најдобра машка улога се номинирани Џеф Бриџис, Џорџ Клуни, Колин Фирт, Морган Фримен и Џереми Ренер, додека во женска ќе се натпреваруваат Сандра Булок, Хелен Мирен, Кери Малиген, Габори Сидибе и Мерил Стрип.

Гламурозната церемонија на доделување на наградите ќе биде на 7-ми март во Холивуд.

XS
SM
MD
LG