Линкови за пристапност

Промоција на филмот „Име си е име“ во Вашингтон


Промоција на филмот „Име си е име“ во Вашингтон
Промоција на филмот „Име си е име“ во Вашингтон
<!-- IMAGE -->

Полна сала на американската премиера на „Има си е име“ во Еврејскиот центар во Вашингтон. Во 40-минутниот документарец, македонскиот народ и проблемот со името со Грција се видени низ очите на скандинавски патник - исландскиот режисер Сигурјон Еинарсон. Неколку луѓе објаснуваат што значи да си Македонец. Еинарсон ги нарекува Mакедонците - „нација во заложништво поради своето име“.

„Со овој филм, веројатно ќе можеме да го помрднеме прашањето за името во друг правец од кој се наоѓа“, вели режисерот Еинарсон.

Премиерата на филмот се одржа со помош на Обединетата македонска дијаспора во САД.

„Преку културата, која е една од најдобрите амбасадори на Македонија, преку филм да им покажеме на овдешната јавноста што се случува со нас. Мислам дека филмот “Име си е име“ е една од најдобрите можности за презентирање на македонската приказна“, вели Мето Колоски од Обединетата македонска дијаспора.

<!-- IMAGE -->

На промоцијата присуствуваа претставници од дипломатскиот кор, како и бројни Македонци кои живеат во Вашингтон.

Продуцент на филмот е Џејсон Мико, а музиката ја напиша и изведува фронтменот на групата Аха, Мортен Харкет.
На Панајотис Балтадис, лекар од Балтимор со грчко потекло го гледаше филмот - не му се допаднал:

„За мене беше мачно да го гледам филмот, затоа што уште на самиот почеток се инсистираше дека „ние сме Македонци„, Алексанадар Велики е Македонец, затоа што знам дека Словените дошле на Балканот во 7 век по Христос“.

Во изработката на „Име си е име“ учествувале екипи од Македонија, Исланд, САД, Норвешка и Велика Британија. Светската премиера на филмот се одржа во октомври минатата година во Торонто, Канада. Авторите на филмот велат дека првично, американската премиера требало да се одржи во резиденцијата на исландскиот амбасадор во Вашингтон, но била откажана поради притисок на грчката дипломатија и дијаспора.

XS
SM
MD
LG