Линкови за пристапност

Кареса Камерон е Мис на САД за 2010-та


Кареса Камерон е Мис на САД за 2010-та
Кареса Камерон е Мис на САД за 2010-та

Мис на Вирџинија Кареса Камерон е победник во изборот за Мис Америка за 2010-та. 22-годишната Камерон од Фредериксбург, сојузната држава Вирџинија, освои стипендија за американски универзитет во висина од 50.000 долари.

Таа ги победи 52-те конкурентки во неколку категории – носење костум за капење, во вечерна облека, за талентираност и за давање одговори во интервју.

Камерон е студент за телевизиско новинарство на Универзитетот Вирџинија и сака да стане водителка.
Кога во интервјуто беше прашана за борбата против дебелината меѓу децата, Камерон рече дека родителите да го ограничат гледањето на телевизија и видео-игри.

Втората носителка, Мис на Калифорнија Кристи Кавиндер, освои 25.000 долари.

Водител на 89-тото издание на Мис на Америка беше актерот Марио Лопез, со помош на Клинтон Кели од серијата „Што да не носите“.

XS
SM
MD
LG