Линкови за пристапност

Официјални лица тврдат дека водачот на Талебан во Пакистан е мртов


Официјални лица тврдат дека водачот на Талебан во Пакистан е мртов
Официјални лица тврдат дека водачот на Талебан во Пакистан е мртов

Два поглавни американски весници пишуваат дека официјални лица во САД и Пакистан се` повеќе се убедени дека водачот на пакистанскиот Талебан починал откако претходно бил ранет во напад со беспилотно летало.

И Њујорк тајмс, и Вашингтон пост цитираат анономни американски владини лица кои се над 90 проценти сигурни дека Хакимула Месуд е мртов.

Пакистански Талебан во неделата ги отфрли наводите. Портпарол на групата ги окарактеризира извештаите за смртта на Месуд како „пропаганда“.

Пакистанската армија вели дека врши истрага, но засега нема потврда дека Месуд е мртов. Соопштението на армијата уследи откако пакистанската државна телевизија јави дека Месуд бил погребан во племенската област Оракзаи.

XS
SM
MD
LG