Бијонсе веќе во историјата на 52-то по ред годишно доделување на музичките награди Греми во Лос Анџелес во неделата навечер, станувајќи прва жена – уметник која го освои престижното признание во дури шест категории одеднаш.
Таа победи во категориите – песна на годината, најдобар женски ритам и блуз вокал и најдобра ритам и блуз песна за нејзиниот хит Сингл лејдис. Таа исто така беше најдобра во современ ритам и блуз албум, традиционална ритам и блуз вокална изведба и женски поп вокал.
Кантри-ѕвездата Тејлор Свифт доби четири статуетки Греми: за албум на годината (Фиарлес), најдобра женска кантри-вокална изведба, најдобра кантри-песна и најдобар кантри-албум.
Танцувачкиот музички феномент Лејди Гага однесе две награди – Греми за танцувачка снимка и најдобар танцувачки албум.