Американски армиски авиони понеделникот повторно започнаа да пренесуваат во САД повредени во земјотресот во Хаити. Летовите беа прекинати минатата недела поради спор во кои американски болници ќе бидат лекувани и кој ќе го плати лекувањето.
Портпаролот на Белата куќа Томи Виетор неделата соопшти дека владата добила уверување дека САД и странските партнери имаат медицински капацитет за лекување на повредените Хаиќани.
Во неделата, хуманитарни работници во Хаити со приватен авион префрлија три деца во критична состојба од главниот град Порт-о-Пренс до детска болница во Филаделфија, Пенсилванија.
Американската армија продолжи со евакуацијата на пациенти од Хаити
