Десет Американци, приведени во Хаити за обид да одведат деца од земјата без дозвола, во понеделник треба да се појават пред суд во главниот град Порт-о-Пренс.
Пет мажи и пет жени, кои работеле за добротворната организација „Прибежиште за нов животот на децата“,со седиште во САД, биле приведени во петокот кога се обиделе да ја поминат границата со Доминиканската Република заедно со 33 деца од Хаити.
Децата биле земени од сиротиште во Порт-о-Пренс со кое управува меѓународнатата хуманитарна организација – „С.О.С. – детски села“. Портпарол на сиротиштето кажа дека децата биле донесени во ужасно лоша состојба на дехидрација. Вработените во сиротиштето наведуваат дека некои од децата кажуваат дека не се сираци.
Отец Клинт Хенри од Баптистичката црква „Централ вели“ во Меридиан, сојузната држава Охајо, каде членуваат некои од приведените, за Си-Ен-Ен изјави дека тие во соработка со црковна организација во Хаити едноставно сакале да помогнат на сираци.