Линкови за пристапност

САД планираат да ја променат воената стратегија?


САД планираат да ја променат воената стратегија?
САД планираат да ја променат воената стратегија?

Американски претставници за одбрана велат дека армијата ќе ја промени својата стратегија на воено планирање - од водење на две конвенционални војни одеднаш, во подготовка за бројни конфликти од помал обем.

Студијата за армиски тактити на Пентагон, наречена Четиригодишен преглед на одбраната, ќе биде објавена во понеделник. Документот ги анализира идните закани, а се очекува да биде насочен на армискиот одговор на судирите во Авганистан, Ирак, Пакистан и Јемен.

Издавањето на извештајот е на ист ден кога Пентагон ќе го претстави својот буџет за 2011-та.

Медиумските извештаи тврдат дека извештајот, чија подготовка и објавување ги налага Конгресот, ќе стави акцент на начините за заштита на САД од кибернетски напади и тероризам.

Владини лица наведуваат дека студијата ќе ја истакне потребата од повеќе хеликоптери за акции во тешко проодните подрачја на Авганистан.

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс минатата година побара да се скратат издатоците за неколку програми на високо-технолошко оружје. Гејтс предложи Пентагон повеќе да го насочи буџетот кон борбата против бунтовници на бојните полиња со пониска технологија.

XS
SM
MD
LG