Линкови за пристапност

Обама предложи буџет од 3,8 трилиони долари


Американскиот претседател Барак Обама предлага федерален владин буџет од 3,8 трилиони долари што дефицитот го турка во рекордни 1,6 трилиони долари годинава.

Обама рече дека се обидува да направи баланс на трошоците за краткорочно трошење за да го олабави притисокот од големиот процент на невработеност, наспроти потребата да се намали дефицитот за да се помогне на долгорочното економско здравје на државата.

Неговиот план ќе ги зголеми даноците на богатите поединци и на некои големи банки, ќе ги намали подобностите за фосилно гориво и ќе ја замрзне потрошувачката на дел од буџетот. Буџетот ќе ги зголеми трошоците за работни места, армијата и образованието.

Планот треба да влезе во сила на 1 октомври, за фискалната 2011 година. Но претходно мора да добие одобрение од конгресот, што се очекува да биде долг процес.

Опозионите републиканци го критикуваа планот за трошење. Претседавачот на републиканската партија Мајкл Стил го нарече буџетот план за „лумпување“, кој ќе донесе повисок дефицит и „економска стагнација“.

XS
SM
MD
LG