Линкови за пристапност

Здружување на опозицијата во Македонија


Здружување на опозицијата во Македонија
Здружување на опозицијата во Македонија

Опозицијата реши да се здружи во заеднички фронт против власта. Социјалдемократскит сојуз, Новата Социјалдемократска партија, Нова алтернатива, Либералната партија, Сојузот на Турците во Македонија, Сојузот на левите Титови сили и некои други помали партии се здружија со цел да ја поразат власта на Груевски.

„Не можеме и не смееме да дозволиме такво хазардерство, да ја испуштиме нашата европска шанса и перспектива на сегашните и идни генерации“, вели Ѓорѓи Оровчанец од Нова алтернатива, кој ја промовираше платформата околу која се обединија 12 опозициски партии.

Лидерот на најголемата опозициона партија Бранко Црвековски, запрашан дали мисли дека овој опозициски блок ќе го заплаши Груевски, коментираше: „Апсолутно не е важно дали Груевски се плаши или не се плаши. Јас знам што ќе се случи на следните парламентарни избори, тој ќе биде поразен“,

Надвор од овој блок останаа партии како Обединети за Македонија на Љубе Бошковски и либерал-демократите на Јован Манасиевски, но и ВМРО - народна. За Обединетите за Македонија и ВМРО - народна, иако имаат иста цел уривање на владата на Грувски, ова обединување е неприфатливо, бидејки станува збор за политички блок што идеолошки инклинира кон левицата наспроти нивната определба како партии десно од центарот. За либералдемократите, пак, Груевски мора да замине, но исто така тоа не смее да значи и дозвола Црвековски повторно да се врати на власт.

Во владеачката ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека немаат посериозен коментар за здружувањето на опозицијата. На прес-конференција во владејачката партија истапија со цитати на изјави на лидерите на партиите здружени во опозицискиот блок во кои тие до неодамна се напаѓаа еден со друг.

Од албанскиот политички блок, засега нема никаков коментар на здружувањето на опозицијата за политичка борба против владата на Груевски.

XS
SM
MD
LG