Линкови за пристапност

Обама на Републиканците: Ајде да работиме заедно


Обама на Републиканците: Ајде да работиме заедно
Обама на Републиканците: Ајде да работиме заедно

Американскиот претседател Барак Обама ги предизвика конгресните Републиканци да почнат да работат поблиску со Демократите за решавање на итните проблеми на државата, повикувајќи ги да прекинат со партиската политика.

Зборувајќи на собир на Републиканците од Претставничкиот дом во петокот, демократскиот претседател на законодавците им рече дека не сака Вашингтон да да продолжи да оперира на вообичаениот начин, со застои, партиски политики и опструкција.

Но тој рече дека негативното републиканско карактеризирање на неговата политика не им остава многу простор за преговарање со него. Тој ги критикуваше Републиканците кои неговиот главен приоритет на домашен план, здравствената заштита, ја портретираат како „болшевички заговор". Октомвриската револуција во 1917 во Русија ги донесе комунистите предводени од Владимир Илич Ленин на власт.

Претседателот исто така го постави прашањето зошто Републиканците го опонираат по неколку прашања, меѓу кои и големиот стимулативен пакет што вклучи намалување на даноците што самите тие ги предложиле.

Обама кажа дека има многу области во кои двете партии може да се здружат, вклучувајќи го и новиот предлог што на малите бизниси ќе им даде даночен кредит од пет илјади долари за секој нов вработен.

На Републиканците им беше дадена шанса да одговорат, и тие го поплавија Обама со прашања, понекогаш конфронтирачки, но и давајќи и свои сугестии за даноци и трошоци.

Еден прашувач се пожали дека Обама ги игнорирал републиканските идеи, додека друг праша дали би поддржал намалување на даноците за сите Американци. Обама кажа дека не мисли оти на богатите им треба даночно олеснување.
XS
SM
MD
LG