Американскиот Сенат го потврди Бен Бернанке за втор четиригодишен мандат како претседавач со американските Федерални резерви.
Сенатот гласаше со 70 спрема 30 за останување на Бернанке на чело со Централната банка. Неговиот сегашен мандант истекува во недела.
Претседателот Обама рече дека е „благодарен“ за гласањето за потврдување на неговата номинација. Обама го пофали Бернанке за „мудрост и цврсто лидерство“ за време на најлошото од економската криза.
Критичарите на Бернанке велат дека сторил малку во спречување на колапсот на банките и финансиската криза која почнала во САД и го зафатила светот измината година.
Тие исто така го обвинуваат дека не прави доволно да им помогне на малите бизниси и сопствениците на домови за време на криза.
Неговиот поддржувачи велат дека без управувањето на Бернанке, финансиската криза би била уште полоша.