Американскиот претседател Барак Обама го претстави предлогот од 33 милијарди долари за кој вели дека ќе создаде работни места.
Во обраќање во градот Балтимор во петок, тој предложи даночен кредит од пет илјади долари што бизнисмените ќе ги добијат за секој нововработен и некои други даночни олеснувања за компаниите што ќе ги зголемат платите или ќе ги зголемат работните часови.
Стапката на невработеност е околу десет проценти, што е необично висока за САД и една од причините што претседателот и неговата Демократска партија имаат помала јавна поддршка последниве месеци.
Забелешките на претседателот дојдоа по петочниот економски извештај што покажа економски развој во САД што оди нагоре што ја намали песимистичноста на потрошувачите.
Американскиот бруто-домашен производ се прошири на 5,7 проценти годишна стапка во четвртиот квартал, што е повеќе од двојно зголемување на развојанта стапка во претходното тримесечје.