Производителот на педалите за гас инволвиран во повлекувањето на милиони автомобили од марката Тојота и други возила вели дека направил дел што ќе работи исправно.
Некои возачи се жалеле дека педалите тешко се отпуштаат откако се притиснати. Овие делови ги произведува компанијата Си-Ти-Ес Корпорејшн, со седиште во САД.
Претходно, Форд објави дека го стопира производството на мал број комерцијални возила поради истите проблеми што Тојота ја натераа на овој чекор. Форд вели дека 1600 возила кои се направени во Кина се погодени затоа што имаат делови од истиот снабдувач.
Тојота ги повлече моделите Хајлендер, Корола, Венза и Матрикс, како и Понтиак Вајб. Сите возила се направени во периодот меѓу 2008-ма и 2010-та.
Во Кина, Тојота ќе отповика 75 илјади спортски РАВ возила, направени од март 2009.