Линкови за пристапност

САД и Европа мора да го модернизираат партнерството


САД и Европа мора да го модернизираат партнерството
САД и Европа мора да го модернизираат партнерството

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека САД и Европа мора да го модернизираат и зајакнат нивното партнерство со цел да се справат со новите предизвици на 21-от век.

Зборувајќи во Париз, секретарката Клинтон рече дека се потребни нови пристапи за справување со новите опасности, како тероризмот, кибернетските напади и климатските промени, кои се закана за енергетското снабдување на Европа.

Клинтон рече дека НАТО разгледува стратегии за справување со новите предизвици и рече дека САД ги разгледуваат начините да помогнат.

Таа ја отфрла загриженоста дека Европа „паднала“ на листата на приоритети на администрацијата на претседателот Обама, нарекувајќи ја европската безбедност „котва на американската надворешна политика“.

Клинтон исто така се осврна на односите со Русија и рече дека администрацијата на Обама е горда на напредокот на двете држави изминатата година.

Клинтон го повтори американскот противење на рускиот повик за нов сет безбедносни договори, но рече дека САД се определени за истражување на начините за подобрување на партнерските односи меѓу НАТО и Русија, како и начините на соработка со Русија по одбранбениот против-ракетен штит.

XS
SM
MD
LG