Линкови за пристапност

Блер испитуван за војната во Ирак


Блер испитуван за војната во Ирак
Блер испитуван за војната во Ирак

Поранешниот британски премиер Тони Блер во долгоочекуваното појавување пред владино истражно тело ја бранеше одлуката за влегување во војна во Ирак.

Блер истакна дека режимот на погубениот ирачки лидер Садам Хусеин бил „ужасен“ и оти „не можело да се ризикува“ таков режим да развива оружје за масовно уништување.

Блер беше премиер во 2003-та, кога му се приклучи на поранешниот американски претседател Џорџ Буш во водството на инвазијата врз Ирак.

Обајцата лидери без уверени дека Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување, иако тоа никогаш не беше пронајдено и критичарите прашуваа дали војната е законски оправдана.

Блер за време на истрагата рече дека единствената определба што ја искажал во разговорите со Буш била „определбата да се справат со Садам“.

XS
SM
MD
LG