Линкови за пристапност

Американската влада ќе го намали испуштањето на штетни гасови за 28 проценти


Американската влада ќе го намали испуштањето на штетни гасови за 28 проценти
Американската влада ќе го намали испуштањето на штетни гасови за 28 проценти

Во изјава од петокот претседателот кажа дека федералната влада е најголемиот потрошувач на енергија во американската економија.Тој кажа дека целта е да се намалат трошоците, да се редуцира загадувањето и да се поместат трошоците од нафта кон локална, чиста енергија.

Белата куќа вели дека федералната влада потрошила повеќе од 24,5 милијарди долари на електрична енергија и горива во 2008. Таа проектира заштеда од околу 11 милијарди со новите редукции.

Администрацијата на Обама вели дека агенциите веќе преземаат акции како што е инсталирање на соларни плочи на армиските инсталации, користење на депониите за обновлива енергија и замена на старите автомобили со хибридни што штедат гориво.

САД ветија пред телото за климатски промени на ОН дека ќе ја намалат емисијата на штетни гасови за 17 проценти до 2020. Американскиот конгрес треба да го одобри ова ветување. Емитувањето на штетни гасови се смета за виновно за глобалното затоплување.

XS
SM
MD
LG