Линкови за пристапност

140 милиони долари за реинтеграција на милитантите во Авганистан


140 милиони долари за реинтеграција на милитантите во Авганистан
140 милиони долари за реинтеграција на милитантите во Авганистан

Британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибанд соопшти дека земјите-учеснички на лондонската конференција за стабилизација на Авганистан ветиле преку 140 милиони долари за финансирање на реинтеграцијата на талебанските милитанти во животот на земјата.

Парите се наменети само за првата година од програмата. Според Милибанд, постои меѓународна заложба за процесот на реинтеграција. Тој говореше во Лондон, на крајот на еднодневната конференција за стабилизација на Авганистан, на која учествуваа делегати од 70-тина земји.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон им порача на учесниците дека планот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за реинтеграција на милитантите на Талебан ќе донесе поголема стабилност и безбедност на земјата. Клинтон смета дека со вистински иницијативи, многумина нижи и средни членови на на Талебан може да станат дел од демократијата во земјата – под услов да се откажат од насилството и го прифатат авганистанскиот устав.

XS
SM
MD
LG