Компјутерската
компанија Епл го промовираше Ај-пед, рачен компјутер што компанијата се надева
дека ќе доживее успех како и претходните производи - ај-под и ај-фон. Продуктот го промовираше лично извршниот
директор Стив Џобс, на типично помпезен маркетиншки настан.
Ај-пед е поголем од ај-под, помал од лаптоп
компјутер, личи на поголема верзија на ај-фон и работи на иста технологија на
екран со допирање, без тастатура. Може да се приклучи на Интернет,
да служи како музичка кутија и телевизор, а со димензија на екранот од 25
сантиметри, погоден е и за читање на електронските книги, весници и магазини.
Се очекува почетната цена на ај-пед да изнесува
500-тини долари.