Линкови за пристапност

Евробарометар:  мнозинство македонски граѓани за влез во ЕУ 


Граѓаните на Македонија во големо мнозинство го подржуваат влезот на Македонија во ЕУ и сметаат дека членството е добра работа за нивната држава.

Ова го покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометарот, што Европската агенција за статистика - Евростат го спроведува два пати во годината.66% од испитаниците во Македонија одговориле дека членството на земјата во ЕУ е добра работа.Пред само една година, овој процент на испитаници кои веруваа во ЕУ изнесувал 64%.

Пораст во една година бележи и бројката на испитаници во Македонија кои имаат позитивни чувства кон европските институции.Во 2009-та, тој процент бил 59%, додека последното испитување бележи 65%.

Според анкетата, слободата на движење ,студирање и работење во Европа остануваат најголемите бенефиции што испитаниците ги гледаат во европските интеграции.

Најголемиот број од испитаници според и понатаму смета дека невработеноста е најголемиот проблем во Македонија.64% сметаат дека таа е најголемиот проблем.Граѓаните во Македонија исто така сметаат дека најлошото од глобалната економска криза допрва ќе се почувствува.47% гледаат опасност од последиците од таа криза.

Евробарометарот забележува и пораст на недовербата на граѓаните во домашните институции.Процентот на оние кои немаат доверба во нив во 2009-та година бил 28, а сега е 36%.

Истражувањето на Евробарометарот е спроведено мегу 30.238 испитаници во земјите-членки на ЕУ, како и во трите земји кандидати за членство:Македонија,Турција и Хрватска.

XS
SM
MD
LG