САД го поддржуваат планот на Авганистан за дозволување на талебанските борци кои ќе го положат оружјето да бидат реинтегрирани во општеството.
Специјалниот
претставник на САД Ричард Холбрук изрази поддршка за планот во предвечерјето на
меѓународната донаторска конференција за
Авганистан во Лондон.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се очекува да ги открие деталите за „реинтеграцијата" на конференцијата.
На брифинг за новинарите во среда Холбрук кажа дека
членови на Талебан кои повторно ќе се приклучат на авганистанското општество ќе
треба да го положат оружјето и да се одрекнат од врските со ал-Каида.
Американскиот пратеник вели дека други „неприфатливи"
талебански ставови ќе бидат дискутирани, а меѓу нив и третманот на жените од
страна на групата.
Министрите од повеќе од 60 држави се очекуваат во Лондон
за разговори кои ќе се однесуваат на
стабилизирање на Авганистан.