Линкови за пристапност

Глобална училница за проширување на знаењето


www.nature.com/scitable e едукативна страница каде може да научите за една од најфасцинантните области на наукатата – генетиката. Дизајнирана е за студенти и за луѓе кои сакаат сами да учат, и има алатки да го направи учењето големо искуство преку соработка:

„Scitable е дом за секој кој сака навистина да ја разбере науката за која читаат во медиумите. Создава глобална училница во која заинтересираните можат меѓусебно да соработуваат на дневна база, да учат меѓу себе", вели Викрам Савкар, шеф на уредувачкиот тим на страницата.

Таа беше претставена минатата година и засега е ограничена на генетика, но има планови за проширување во други области. Scitable може да служи и како додаток за студентите, чии учебници честопати не содржат информации за најнови достигнувања во науката.

Савкар подвлекува дека исто така претставува добра алатка за студенти кои имаат ограничени ресурси: „Во многу делови од светот, нема учебници. Студентите немаат пристап до основни материјали. Наша цел е да ја искористиме моќта на Интернетот и да овозможиме образованието за светската наука да биде достапно до оние кои никогаш претходно немале пристап".

Голема предност на Scitable е можноста да се формираат групи - на пример ученици од средно училиште кои можат он-лајн да работат заедно на час по биологија, или пак постари лица кои може да се поврзат врсници заинтересирани за науката, а чија единствена меѓусебна врска е можна само преку интернет.

„Наша цел е да создадеме глобална училница, каде секој кој е заинтересиран за предавање или учење за област во науката, може да стане дел од заедницата која соработува. Ги користиме и социјалните мрежи за дружење како Фејсбук и Мај спејс со цел да поврземе луѓе кои знаат за работи и сакаат да ги споделат со оние кои не знаат, но би сакале да научат", коментира Савкар.

XS
SM
MD
LG