Линкови за пристапност

Извлечен жив човек од урнатините две недели по земјотресот во Хаити


Американски армиски претставници во вторник кажаа дека е извлечен жив човек од под урнатините во главниот град на Хаити Порт-о-Принс, две недели по опустошувачкиотземјотрес што ја потресе нацијата.

Но соопштението на американската армијавели дека последниот преживеан не бил под урнатините полни две недели, туку бил заглавен таму два дена по оригиналниот земјотрес. Тие велат дека лицето било однесено во болница каде било третирано заради повредена нога и дехидрација.

Во меѓувреме, американската вселенска агенција НАСА во вторник кажа дека испраќа набљудувачка мисија над Хаити и Доминиканската Република да ги испитаат геолошките структури што се протегаат преку двете држави.

Агенцијата се надева дека податоците ќе помогнат подобро да се предвидуваат сеизмички активности во регионот.Исто така во вторник, американската државна секретарка Хилари Клинтон одговори на некои критики наамериканската помош за Хаити, велејќи дека американската армија била виталназа спасувачките напори.

XS
SM
MD
LG