Линкови за пристапност

„Аватар“ - најгледаниот филм на сите времиња


Научно-фантастичниот филм „Аватар" стана филм со најголем бруто приход на сите времиња, благодарение на големата продажба на билети во странство.

Филмот, во режија на Џејмс Камерон, го надмина приходот заработен од „Титаник", друг филм на Камерон, направен во 1997. „Аватар", што заработи 1,85 милијарди долари за шест недели, е приказна за поранешен војник кој употребува контролиран „аватар", или далечински управувано тело, да се инфилтрира во домородно племе на планета светлосни години оддалечена од Земјата.

Стручњаците велат дека посетителите на кино салите решаваат да платат поголема цена да го видат филмот во 3-Д верзија, што ја зајакнало заработувачката.

Но кога тоталната заработувачка ќе се подеси заради инфлацијата, многу постар филм останува шампион на касите на кино салите.

„Однесено со виорот", објавен во 1939, заработи 400 милиони долари во светот. Во денешни долари тоа би било еднакво на шест милијарди.

„Аватар" е најпродаван филм на сите времиња во Русија и во Кина.

Град во централна Кина во понеделникот објави дека ќеја преименува планината што наводно била инспирација за планините што пловат во филмот. Планинскиот врв во провинцијата Хунан што порано беше познат како „Столб на јужното небо", од сега ќе се вика „Алелуја Аватар планина".

XS
SM
MD
LG