Линкови за пристапност

Обама ќе се фокусира на економијата во обраќањето до нацијата


Американскиот претседател се очекува да се фокусира на економијата во своето обраќање за состојбата во која се наоѓа државата, во среда навечер, вклучувајќи и барање до конгресот за тригодишно замрзнување на многу домашни програми, во напор да го намали огромниот буџетски дефицит.

Обама ќе има обраќање до конгресот што ќе биде пренесувано на националната телевизија во време кога неговиот рејтинг е во опаѓање и стапката на невработеност е десет проценти.

Белата куќа е под конфликтен притисок да ги намали трошоците и во исто време да создава работни места и да ја подобри слабата економија.

Прес секретарот на Белата Куќа Роберт Гибс вели дека претседателот главно ќе се фокусира на тоа како повторно да се придвижи американската економија и да ги потсети Американците дека програмите што тој ги иницирал во првата година на функцијата може да спречиле економска катастрофа.

Обама се очекува да ги допре и контратерористичките напори и неговата главна домашна иницијатива, реформа на здравствениот систем.

XS
SM
MD
LG