Линкови за пристапност

Само во Америка: Земјотресите на Сан Франциско


Жителите на Сан Франциско внимателно следат што се случува во Хаити, зашто тие во октомври ја одбележаа 20-годишнината од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Северна Калифорнија, и нивниот град е на линија каде се спојуваат две тектонски плочи.

Во земјотесот во 1989-та загинаа 62 лица – мала цифра споредена со онаа од загинати во Хаити. Но, Сан Франциско беше многу помалку развиен во 1906-та кога пожари, кои уследија по уништувачкиот земјотрес, го уништија центарот на градот. Официјално, 503 лица ги загубија животите. Како и во Хаити, каде бројката на загинати е многу повисока, земјотресот најмногу го погоди кинескиот кварт, каде живееле илјадници имигранти со нелегален престој во земјата.

Земјотресите во Порт-о-Принс во 2010-та и во Сан Франциско во 1989-та беа речиси идентични по интензитетот со околу 7 степени. Земјотресот во Сан Франциско во 1906-та се случи 29 години пред да биде воведена Рихтеровата скала, но сеизмолозите од тоа време велат дека бил со јачина 8,3 степени. Ако тоа е точно, земјотресот во Сан Франциско бил 10 пати посилен од Хаити.

Многу анкетирани жители од Сан Франциско јавно не сакаат да говорат за можноста за уште еден земјотрес. Тие ги „стегнале" куќите колку е можно повеќе и - веруваат во судбина.

Жителите на Сан Франциско се прашуваат каква разузнувачка моќ би имал еден голем земјотрес. Кога земјотресот кој го погоди Хаити ја заниша и најголемата зграда во градот, Пирамидата Трансамерика, нема да слушнете шеги од жителите на Сан Франциско – кој е Големиот.


XS
SM
MD
LG