Линкови за пристапност

ММФ: Светската економија брзо се опоравува


Студијата на ММФ објавена во вторник вели дека економиите во подем ќе го предводат опоравувањето со Кина и некои азиски нации кои ќе се развиваат најбргу.

Стручњаците на ММФ велат дека финансиските и политичките лидери во светот помогнале на опоравувањето со намалување на каматните стапки и со трошење големи суми на јавни служби и други проекти за поттикнување на побарувачката.

Напорите за стимулирање покренаа загриженост за брзо растење на цените, но стручњаците на ММФ велат дека инфлацијата изгледа дека е под контрола во моментов. Тие предупредуваат дека отстранувањето на стимулацијата премногу брзо или некоординирано може да наштети на опоравувањето во оваа фаза.

XS
SM
MD
LG